Аналитичари: Не изненадуваат анкетите, СДСМ бега од избори
„Не треба да изненадуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата Брима Галуп, кои покажаа речиси двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ“ – смета политикологот Владимир Божиновски. Причините ги лоцира во ветените и реализирани проекти. Дел од аналитичарите сметаат дека во СДСМ се свесни за расположението на гласачите и дека затоа партијата бега од избори...

Очекувани резултати од најновата анкета за рејтингот на партиите и нивните лидери, вели аналитичарот Владимир Божиновски. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не изненадува. Причините ги лоцирала во реализацијата на ветеното. Според него, опозицијата не може да очекува зголемување на рејтингот ако не го промени стилот на водење на политиките.
Дел од експертската јавност смета дека во СДСМ не ги посакуваат изборите, свесни дека се уште ја немаат потребната доверба од граѓаните.
Според договореното од Пржино, изборите треба да се одржат на 24-ти април. Прогнозата на агенција „Брима Галуп“ е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Податоците од спроведената анкета говорат дека владејачката партија има речиси двојно поголема поддршка од опозициската СДСМ. 23,5 проценти наспроти 12,4. Оттука, аналитичарот Даштевски, смета дека СДСМ во страв од пораз на изборите, го минира договорот од Пржино.
Според агенцијата „Брима Галуп“ мнозинство од граѓаните, 43,2 насто, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно би извојувале убедлива победа на предвремените парламентарни избори закажани за 24-ти април.
Наташа Гркова- Петрушевска
