Во гевгелиската болница починаа родилка и бебе

23.10.2015 17:17

Сопругот на починатата вели дека таа немала проблеми во текот на бременоста, се сомнева дека анестезиологот бил во алкохолизирана состојба за време на интервенцијата...

На гинеколошкото одделение во Гевгелиската болница, синоќа починала 32 годишна родилка од Дојран, за време на царскиот рез. Лекарите не успеале да го спасат ниту нејзиното бебе.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид, а телата се предадени на обдукција. Сопругот на починатата вели дека таа немала проблеми во текот на бременоста, се сомнева дека анестезиологот бил во алкохолизирана состојба за време на интервенцијата.

Од Министерството за здравство информираат дека е испратена стручна комисија за да го испита случајот. Земени се изјави од лекарите, а од двајцата гинеколози и анестезиолози и крв за утврдување присуство на алкохол и недозволени супстанци.

Од ресорот велат се преземаат сите мерки за расветлување на настанот. Случајот е во рацете на Велешкото обвинителство, се чекаат резултатите од обдукцијата.