Битка за европскиот нафтен пазар

23.10.2015 17:24

Нафтена војна на пазарот во Европа. Европските капацитети активно купуваат нафта од Ааудиска Арабија, намалени испораките од Русија. Во перспектива може да загуби третина од бизнисот...

Саудијската нафта го преплавува европскиот пазар. Руски извори информираат дека последниве месеци се зголемиле испораките кон Западна Европа и Медитеранот. Станува збор за рафинерии на американскиот концерн Ексон, британско- холандскиот Шел, францускиот Тотал и италијанската Ени. Челникот на Роснефт тврди дека Саудиска Арабија ја продава својата нафта по дампинг цени во обид да го прошири пазарот.

„Точните услови на испораката засега се непознати, иако, тргнувајќи од моменталната ситуација на пазарот, може да се претпостави дека барел нафта од Саудиска Арабија ќе ги чини европските купувачи 48 до 49 американски долари, односно 4 до 5 пати поевтино од уралската“, вели Јуриј Прокудин, аналитичар на „ФХ Базук“.

Нафтата од Саудиска Арабија и досега беше присутна на европскиот пазар, појаснуваат експертите. Во 2010-та една десетина бил увоз од оваа земја, а тоа е околу 30 милиони тони. За да не го преплави постоечкиот пазар, Саудијците решиле да го прошират. Ниту една земја членка на ОПЕК не нѐ обидува да ја намали продукцијата, вели Прокудин, а треба да се знае дека претстои пробив и на иранската сурова нафта по симнување на санкциите. Сепак аналитичарите смируваат.

„За европските фабрики да се преориентираат на саудиската нафта, потребни се инвестиции во преработувачките комплекси и измена на логистичкиот синџир, а тоа се дополнителни трошоци. Дури и пониските цени  нема да ги покријат неопходните инвестиции“, вели Александар Пасечник од Фондот за национална енергетска безбедност (ФНЕБ).

Влогот е голем. ММФ предупредува на можен банкрот на Саудијска Арабија во следните 5 години. Земјата се соочува со буџетски дефицит од дури 21,6% годинава и мора да ги крати расходите.

Во обид да ја подобри ликвидноста Валутната агенција веќе повлекла 70 милијарди долари од странските инвестициски фондови. Руските аналитичари се отворени,  растечката конкуренција ќе доведе до намалување на цената на руската нафта од брендот Урал или пак Москва ќе загуби дел од пазарот.

 

Свето Николовски