Подготовка за откуп на тутун
26.10.2015 09:09
Девет претпријатија годинава склучуваа договори со тутунарите. Според Законот, стартот на откупот може да почне од 15 ноември или најдоцна до 15 декември, со претходно добиени мостри...

Според пријавените договори од 9-те откупни претпријатија од реколта 2015 година се очекува да се откупат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун што е приближно на ланското ниво.
Тутунарите пак проценуваат дека ќе недостасуваат скоро 3 000 тони и се надеваат дека поголемата побарувачка ќе донесе и поголема откупна цена и пореална проценка на класите.
Од оваа година пријавувањето и евидентирањето на површините се води електронски со што ќе се овозможи поголема контрола на откупените и на договорените количества.
Методија Трајков
