Повисоко ниво на соработка за поефикансо надминување на бегалската криза

25.10.2015 19:35

Грција да го подигне нивото на соработка со Македонија за поефикансо надминување на бегалската криза. Ова го побара претседателот Иванов на мини состанокот на европските земји на кој беа презентирани 16 точки за справување со проблемот со мигрантите.

Итна, дневна и непречена соработка со Грција на сите нивоа на полициските служби и разузнавањето побара денеска претседателот Иванов на мини самитот во Брисел. Според него, само така двете земји полесно ќе можат да се справат со бегалската криза.

„Очекуваме дека Грција ќе соработува за време на бегалската криза и дека ќе ги разменува податоците кои се неопходни за да знаеме како да се справуваме, бидејќи има денови кога дневно пристигнуваат по 10.000 бегалци на територијата на Република Македонија“, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

На самитот, првиот човек на Европската Комисија, Жан Клод Јункер го претстави планот од 16 точки за справување со кризата во кои се вклучени оперативни заклучоци кои се веднаш применливи.

Инаку главното барање на Јункер од балканските земји е да направат „промена на политиката на пропуштање на бегалците“. Токму поради ваквото барање и сериозноста на ситуацијата има жестока реакција од државите кои се на главната рута на мигрантите . Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека ниедна земја не смее да стане центар за бегалците и дека е потребно заедничко решение за излез од кризата.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ