Соседството со слични економско- социјални мерки
Проектите и мерките кои ги спроведува македонската влада се преземаат и реализираат од останатите држави...

Подобрување на бизнис климата, привелкувањето на странски инветитори, роуд – шоуа, обезбедување на кредити за компаниите, ослободување од придонеси при вработување, отпис на долговите, бесплатна бања и бесплатен викенд, се дел од проекти и искуства кои соседните држави ги преземаат од Македонија.
„Особено го почитуваме она што се случува во Македонија и зголемување на растот кој што Македонија го прави. Ние учиме и прифаќаме од сето она што се случува во Македонија, ние не се срамиме од тоа, туку и сме горди на тоа. Сите паметни луѓе учат од сите оние кои сметаат дека може да научат од некого, а ние многу учиме од нашите македонски колеги“ - изјави при втората заедничка владина средба на мaкедонската и српската влада, српскиот премиер Александар Вучиќ, посебно поздравувајќи го пристапот на македонската Влада во процесот на привлекување на странски инвестиции.
Македонскиот пример за привлекување на странски инвеститори преку роуд-шоуа е превземен од Србија, Хрватска и Романија. Во Србија се реализира поектот бесплатна бањско – климатска рекреација и бесплатен викенд за пензионери, а почнато е и со легализација на дивоградбите. Во Хрватска на социјално ранливите граѓани ќе им бидат отпишани долговите. Проектот „Купи куќа, купи стан“ како и изградба на станови за социјално ранливите семесјтва и млади брачни парови се актуелни и во Србија и во Хрватска.
Словенија пак, подготвува законски измени за ослободување на работодавачи од придонеси со вработување на одредени категории граѓани.
„Во Словенија се подготвува закон кој ќе ги стимулира работодавците да вработуваат постари лица, а да не ги плаќаат придонесите за пензиско и здравствено осигурување“, изјави Душан Семулиќ, претседател на синдикат на Р. Словенија.
Мерките за субвенционирање при вработување на млади исто така е искористени како добра пракса и во соседството.
Наташа Јанчиќ
