Синиот автобус на „Еураксес“ пред ФИНКИ

26.10.2015 10:08

„Еураксес“ нуди комплетен пакет на услуги потребни на еден истражувач да се стекне со меѓународна истражувачка кариера, од понуди за работа, па се до совети за преселба од една држава во друга...

Студентите и истражувачите кои се наоѓаат во почетокот на својата кариера денеска ќе имаат можност да го посетат синиот автобус на „Еураксес“, кој ќе биде поставен  на паркингот пред Факултетот за информатички науки и компјутерски технологии – ФИНКИ.

Заинтересираните  ќе дознаат како да најдат работно место во другите држави и како да имаат пристап до фондови за финансирање. „Еураксес“ – истражувачи во движење е иницијатива поддржана од европската истражувачка заедница, која им помага на европските и странските истражувачи да добијат информации и поддршка за да  се стекнат со интернационална истражувачка кариера во Европа.

„Еураксес“ нуди комплетен пакет на услуги потребни на еден истражувач да се стекне со меѓународна истражувачка кариера, од понуди за работа, па се до совети за преселба од една држава во друга.

Проектот „Еураксес“ во земјава се реализира со поддршка на Македонската академија на науките и уметностите, а промоцијата на ФИНКИ ќе има интерактивни сесии со истражувачи, финансиери и работодавци кои ќе нудат совети за тоа како подобро да се развие истражувачката кариера.

Синиот автобус на „Еураксес“ е на турнеја низ Европа, а освен Скопје ќе посети и други 33 градови во 16 европски држави.