Отворени денови на Катастар и Управа за имотно- правни работи во Гази Баба

26.10.2015 10:27

Со оваа акција граѓаните на општина Гази Баба ќе можат да се информираат и да ги презентираат проблемите со кои се соочуваат околу имотно- правните работи и катастарот...

Во организација на Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно правни работи, ќе се одржат „Отворени денови“ на двете институции.

Со оваа акција граѓаните на општина Гази Баба ќе можат да се информираат и да ги презентираат проблемите со кои се соочуваат околу имотно- правните работи и катастарот.

На средбата  ќе се обрати директорот на Агенција за катастар Славче Трпески, директорот на Управата за имотно- правни работи Зоран Крстановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.