„Ало докторе“: Над 1.300 повици изминатата седмица

26.10.2015 10:31

Најчесто станувало збор за главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура, за сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината...

1.342 повици во изминатата недела се регистрирани на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“.

Јавувањата биле за широк спектар на најразлична симптоматологија. Најчесто станувало збор за главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура, за сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината.

На повиците на граѓаните одговарале 25 доктори.