Најмалку четири жрвти во бродска несреќа во близина на Ванкувер

26.10.2015 10:01

Осумнаесетмина се хоспитализирани, откако потона туристички брод на кој патувале 27 луѓе кои го набљудувале движењето на китовите...

Несреќа во близина на канадскиот остров Ванкувер. Четворица загинаа, осумнаесетмина се хоспитализирани, откако потона туристички брод на кој патувале 27 луѓе кои го набљудувале движењето на китовите.

Спасувачки екипи и хеликоптери се во потрага по исчезнатите. Се уште не се познати причините за инцидентот.