Скопска премира на „Последниот Македонец-Патот до истребување”

26.10.2015 11:26

„Последниот Македонец -Патот до истрабување” премиерно беше прикажан минатиот месец на 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и предизвика голем интерес во јавноста...

Документарно-играниот филм „Последниот Македонец-Патот до истребување” во режија на Илија Пиперковски вечер по прв пат ќе биде прикажан во Скопје.

Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот Договор, но и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста, зошто не постоела цврста организација која наместо меѓусебни препукувања, интриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот кој бил поделен под влијание на Бугарската егзархија, Грчката православна црква а подоцна и Српската, зошто братоубиството заради сојузништво со Бугарите, Србите или Грците не е реткост во Македонија, се само дел од прашањата кои ги отвара документарно - играниот филм.

Филмот засегнува и теми како што се зошто големите сили ја кројат судбината на малите народи, дали и понатаму треба прстот да го вперуваме во другите или да се свртиме во историјата, па да погледнеме во сегашноста за да разбереме каде грешиме.

„Последниот Македонец -Патот до истрабување” премиерно беше прикажан минатиот месец на 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и предизвика голем интерес во јавноста.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија, а продуцент на филмот е Снежана Лупевска - Созен и „Тринити плус продукција“.

Проекцијата ќе се одржи вечер во 20 часот во Киното „Фросина” во Младинскиот културен центар.