Вигенин го призна македонскиот јазик, но бара промена на Уставот

18.01.2014 13:53

Бугарија и натаму цврсто стои на позицијата за членот 49 од македонскиот Устав.           

Бугарија и натаму цврсто стои на позицијата за членот 49 од македонскиот Устав.           

„ Нема да се откажеме од тоа дека овој член од македонскиот Устав е предуслов за мешање во внатрешните работи на Бугарија“, изјави бугарскиот шеф  на дипломатијата Кристиан Вигенин во интервју за бугарското радио Дарик. Според овој  член, се грижи за правата на македонските малцинства во Бугарија и Грција. „ Не би сакал да навлегувам во детали, но ова е важен елемент во договорот за којшто продолжуваат преговорите. Нема да се откажеме од формулацијата  дека овој дел од Уставот може да биде предуслов за мешање во нашите внатрешни работи“ рече Вигенин за Радиото.  Прашан на кој јазик ќе биде напишан договорот меѓу Македонија и Бугарија, Вигенин потенцирал дека треба да биде избран ист начин на кој се напишани и другите договори меѓу двете земји. „ На официјалните јазици на двете земји-бугарскиот според Уставот на Бугарија, и македонскиот според македонскиот Устав. Ова е взаемно прифатена  формула“ изјавил бугарскиот шеф на дипломатијата за радиото.