Глумецот и комичар Џими Моралес стана претседател на Гватемала

26.10.2015 12:00

Разликата меѓу него и поранешната прва дама, Сандра Торес е над 38%. Џими Моралес е познат по улогата на човекот од село кој за малку не стана претседател...

Џими Моралес, поранешен комичар и глумец ги освои мнозинството гласови на претседателските избори во Гватемала.

Од 94% преброени гласови, Моралес освои 68,98%, а неговата политичка конкурентка Сандра Торес освои 31%, соопштува Врховниот изборен суд на Гватемала. Ова е втор круг на претседателските избори  во кој избирачите му ја дадоа довербата на комичарот без никакво политичко искуство, пренесуваат агенциите.

Разликата меѓу него и поранешната прва дама, Сандра Торес е над 38%. Џими Моралес е познат по улогата на човекот од село кој за малку не стана претседател.

Претходниот претседател на Гватемала Ото Перес Молина поднесе оставка во екот на корупцискиот скандал, поради кој беше уапсен.