И покрај политичките случувања, Македонија со раст од 3,2%

26.10.2015 12:27

Народната банка набрзо ќе излезе со најновите прогнози...

Политичката неизвеснот негативно ќе влијае на македонската економија, вели гувернерот Богов. Прогнозираниот економски раст од 4,1% за годинава нема да се оствари, Народната банка набрзо ќе излезе со најновите прогнози.

„Македонската економија се стабилизира после тие два шока кои ги имавме- домашната политичка ситуација во првата половина од годината и грчката должничка криза. Во последните месеци имаме одредено стабилизирање. Секако дека политичката неизвесност негативно влијае и се надевам дека брзо ќе се надмине оваа ситуација. На економските агенти им е потребна извесност и стабилно опкружување за работа“, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Доколку се реши политичката криза, состојбата во економијата ќе се стабилизира, рече гувернерот Богов кој присуствуваше на конференција на тема финансиска вклученост, која подразбира подигање на капацитетите и пристапот на населението до финансиските  услуги.