Анестезиолозите од гевгелиската болница биле во алкохолизирана состојба
Јавното обвинитеслтво од Велес ги добило и извештаите од судско медицинските прегледи и обдукцијата. Во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините кои довеле до смртта на родилката и бебето...

Двајцата лекари- анестезиолози од гевгелиската болница биле во алкохолизирана состојба при порадувањето на 32-годишната родилка Маја Кадиева од Дојран, покажала анализита на крв.
Јавното обвинитеслтво од Велес ги добило и извештаите од судско медицинските прегледи и обдукцијата. Во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините кои довеле до смртта на родилката и бебето.
Анализита на примероците на крв извршена од МВР покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози, додека кај гинеколозите не е констатирано присуство на алкохол.
Јавното обвинителство од Велес ја обезбедило целокупната медицинска документација што се однесува на оперативниот зафат, како и од нејзините претходни прегледи и испитувња.
Во изминатите два дена бил сослушан поголем дел од медицинскиот персонал кој го изведувал оперативниот зафат, а денеска ќе се сослушуваат преостанатите. Трагичниот настан се сличил во четвртокот вечерта при породувањето на сега починатата Маја Кадиева во гевгелиската болница.
