215 белгиски џихадисти добиваат социјална помош
Полицијата презела акција, во која треба да утврди каде се наоѓа секој од списокот на корисници на помошта на социјалните служби, и да го направи се што е неопходно за да се прекине со исплата на помошта...

Вкупно 215 белгиски џихадисти добиваат социјална помош, соопштија локалните медиуми, а властите утврдиле точен идентитет и место на престој на 85 од нив.
Полицијата презела акција, во која треба да утврди каде се наоѓа секој од списокот на корисници на помошта на социјалните служби, и да го направи се што е неопходно за да се прекине со исплата на помошта.
Весниците пишуваат дека лицата и нивните семејства, кои досега добивале помош за невработеност или за бесплатна медицинска нега, ќе треба да ги вратат парите.
Властите прецизираат дека на белгиските џихадисти од буџетот им е исплатена вкупна сума во висина од околу 80.000 евра.
