Запленети 700 килограми марихуана во Драч

26.10.2015 13:29

Дрогата била скриена во камион- шлепер, со сообраќајни ознаки на Тирана, меѓу палети со огревно дрво, кој бил натоварен во Бушат, кај Скадар, а крајната дестинација бил италијанскикот град Милано...

Албанските царински работници во пристаништето Драч откриле и заплениле околу 700 килограми марихуана, која требало да биде прошверцува за италија.

Дрогата била скриена во камион- шлепер, со сообраќајни ознаки на Тирана, меѓу палети со огревно дрво, кој бил натоварен во Бушат, кај Скадар, а крајната дестинација бил италијанскикот град Милано.

Дрогата била откриена при контрола на втората линија, непосредно пред траектот да исплови. Во камионот имало 32 палети, а дрогата била скриена во десет од нив меѓу палетираното одревно дрво.