Земјотрес од 7,5 степени во Авганистан
Најмалку 17 лица се загинати од земјотресот во Авганистан, а 12 во Пакистан, но се смета дека бројот на жртвите е многу поголем...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди северниот дел на Авганистан во подрачјето на планинскиот синџир Хиндукуш, соопштува Американскиот геолошки институт. Потресот е почувствуван и во Индија и Пакистан.
Најмалку 17 лица се загинати од земјотресот во Авганистан, а 12 во Пакистан, но се смета дека бројот на жртвите е многу поголем.
Официјалните лица во Пакистан соопшуваат дека има стотици повредени, а има информации дека во Њу Делхи (Индија) потресот траел повеќе од една минута по што жителите излегле од своите домови, а слично било и во Исламабад.
Епицентарот е лоциран во длабочина од 196 километри и на 82 километра југоисточно од Фејзабад во зафрлено подрачје на Авганистан.
Американскиот геолошки институт соопштува дека потресот се почувствувал и во главниот град Кабул.
