Крај за Вознијацки и за Раониќ
Елиминацијата на данската тенисерка Каролин Вознијацки е најнеочекуваниот резултат од петтата сесија со што се комлетираше третото коло на Австралија опен. Шпанката Гарбин Мугуруза го живее сонот откако врза десет победи на жешките терени во Мелбурн. 21- годишната Мугуруза преку квалификациите дојде до најголемиот успех во досегашниот дел од кариерата совладувајќи ја со 2:1 некогаш прворангираната во светот, сега десетта фаворитка Вознијацки.

Елиминацијата на данската тенисерка Каролин Вознијацки е најнеочекуваниот резултат од петтата сесија со што се комлетираше третото коло на Австралија опен. Шпанката Гарбин Мугуруза го живее сонот откако врза десет победи на жешките терени во Мелбурн. 21- годишната Мугуруза преку квалификациите дојде до најголемиот успех во досегашниот дел од кариерата совладувајќи ја со 2:1 некогаш прворангираната во светот, сега десетта фаворитка Вознијацки. Во осминафиналето Мугуруа која е 38 на ВТА листата ќе се соочи со петтатта носителка Ањешка Радванска од Полска која исто така го загуби првиот, но во три сета беше подобра од Русинката Анастасија Пављученкова.
Затоа пак, Белорсинката Викторија Азаренка рутински го гради патот кон австралиски хет – трик. Победничката од минатите две години и препушти само гем на Австријката Ивон Мојсбургер. Во осминафиналето Азаренка ќе игра против Американката Слоан Стивенс која со 2:0 славеше против Елина Свитолина од Украина.
И треторангираната, Русинката Марија Шарапова во два сета го мина третото коло и тоа со триумфот против Французинката Ализ Корне. Следна противничка на Шарапова ќе и биде Доминика Цибулкова од Словачка кој со само еден загубен гем ја елиминираше Карла Суарез Наваро од Шпанија.
Последната осминафинална двојка ја формираа Јелена Јанковиќ и Симона Халеп. Србинката Јанковиќ и во третото коо беше поуспешна од јапонска тенисерка, овојпат од Куруми Нара со 2:0. Романата Халеп пак, немаше проблеми против Зарина Дијас од Казакстан.
На машкиот дел од турнирот, првиот светски рекет Шпанецот Рафаел Надал експресно во три сета го совлада Французинот Гаел Монфис. Следен што ќе се обиде да му се спротивстави ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој исто така беше максимален во дуелот со Американецот Доналд Јанг.
Бритенецот Енди Мареј полека влегува во ритам по паузата и како четврти носител со 3:0 славеше против Шпанецот Фелицијано Лопез. И во осминафиналето Мареј не би смеело да има тешка задача затоа што ќе игра против анонимниот Французин Стефан Робер кој исто така во три сета триумфираше против Словакот Мартин Клижан.
Четирикратниот австралиски освојувач Швајцарецот Роџер Федерер, сега како шести фаворит, мирно ја одработи обврската против Тејмураз Габашвили од Русија како најава за првата голема пресметка на турнирот, осминафиналето со Жо Вилфред Цонга. Французиниот кој е десети носител немаше милост кон сонародникот Жил Симон и триумфираше со 3:0.
Шпанецот Роберто Баутиста Агут го игра тенисот на кариерата. По победата против Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, 62-от светски тенисер со 3:0 беше подобар од Французинот Беноа Пер за фуел со Григор Димитров. Иако не беше фаворит, Бугаринот го совлада 11-от носител и одличен сервер, Канаѓанецот Милош Раониќ со 3:1.