Нови 4,7 милиони евра преку програмата „Еразмус плус“
Објавен е повикот за аплицирање за поддршка на проектот од програмата „Еразмус плус“. Европската комисија за наредната година на земјава и одобри 4,7 милиони евра. Искористеноста е добра. Повлечени се 80 насто од парите за годинава...

4,7 милиони евра обезбeдила Европската комисија за поддршка на проeкти од програмата „Еразмус плус“ за наредната година. Програмата овозможува мобилност на наставниците и студентите за да го изградат своето знаење и вештини преку студирање во земјите на ЕУ. Можат да аплицираат сите заинтересирани.
Агенцијата започна информативанта кампања за новиот повик. Во наредните два месеца карванот ќе биде во шест града. Според ресорниот министер Адеми ваквите прокети го унапредуваат образованието.
Досега 65 институции и 800 учесници биле вклучени во проектите. Од годинашниве 4 милиони се потрошени 80 проценти. Ерзмус плус е водечка образовна програма, обезбедува партнерства меѓу образовни институции, компании и невладини организации.
Наташа Јанчиќ
