Кривична пријава за Италијанец поради детска порнографија
26.10.2015 15:22
Осомничен е за кривично дело „прикажување порнографски материјали на дете“...

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 35 годишен државјанин на Италија. Осомничен е за кривично дело „прикажување порнографски материјали на дете“.
Неколку деца на возраст под 14 години, за одреден паричен надомест, ги терал да се снимаат и да се фотографираат голи и потоа да му ги испраќаат материјалите. Комуникацијата се одвивала преку Фејсбук и Скајп.
