Хаџиски: Не се сеќавам на убиството
Не е задоволен од првостепената казна со која е осуден на 20 години робија затоа што со 40 убоди со нож, како што тврди обвинителството, ја убил Јошевска во нејзиниот стан. Рече, долго време бил убеден дека го сторил убиството, но повеќе не е сигурен...

Му рекла дека е бремена и ќе го тужи за силување ако не продолжат со врската. Настанала кариница, а како завршила Миле Хаџиски не се сеќава. Со Мери Јошевска пиеле алкохол. Како се вратил дома не знае, но вечерта се разбудил во крвави алишта. Неколку часа подоцна полицијата го привела во локалното кафуле под сомнение за убиство.
22 години подоцна на Хаџиски му се суди одново. Не е задоволен од првостепената казна со која е осуден на 20 години робија затоа што со 40 убоди со нож, како што тврди обвинителството, ја убил Јошевска во нејзиниот стан. Рече, долго време бил убеден дека го сторил убиството, но повеќе не е сигурен. Во полиција, како што тврди, бил принуден да потпише изјава која не била целосно вистинита.
Две години по убиството, Миле Хаџиски заминал во Франција кадешто се приклучил на Легијата на странците. Таму добил ново име и нов идентитет– Зоран Томовиќ. Под ова име се венчал со португалка со која добил две деца. Сѐ до екстрадицијата, новото семејство не го знаело неговото вистинско име – Миле Хаџиски.
Хаџиски беше уапсен по грабеж во Швајцарија. Избегал од затвор и заминал во Франција. Потерницата го стигнала и таму. Не се надевал дека француските власти ќе го вратат во Македонија затоа што и служел на таа држава. Но, на 19-ти август Хаџиски беше екстрадиран во земјава.
Судењето продолжува идниот месец со сослушување на сведоците и на вештаците.
Анита Димитријевска
