Дождовите однесоа речиси половина од родот на оризот
27.10.2015 09:42
Дождовите ќе го преполоват родот на оризот. Доколку се задржи стабилното време оризарите велат дека нешто ќе може и да се спаси. Досега жетвата е реализирана на 20 проценти од површините.

Оризопроизводителите годинава очекуваат високи и квалитетни приноси, но дождовите однесоа скоро половина од родот.
Досега се ожнеани 20 проценти од површините, а до крајот ќе бидат потребни 10 до 15 дена без врнежи од дожд.
Таму каде што комбајните можеа да влезат се собераа по 5 тони од хектар што е добар просек, но поради проблемите со времето тешко дека ќе може да се остварат прогнозите за вкупно производство од 24.000 тони оризова арпа или околу 13.400 тони бел ориз.
Годинава се насеаа 200 хектари повеќе од лани или вкупно 4.800 хектари.
Методија Трајков
