Авганистан: Бројот на жртви порасна на 311 лица
Бројот на загинати во вчерашната природна катастрофа се искачи на 311 лица, а според последните информации, повредени се повеќе од 2.000 луѓе. Потресот предизвика и значителна материјална штета...

Локалните власти соопштија дека спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до зафрлените области во Пакистан и Авганистан кои беа погодени од земјотресот. Бројот на загинати во вчерашната природна катастрофа се искачи на 311 лица, а според последните информации, повредени се повеќе од 2.000 луѓе. Потресот предизвика и значителна материјална штета.
„Земјотресот предизвика голема штета во долината Сват, во областа каде што стојам. Овде домовите се сто проценти уништени“, вели локален жител.
Војската со хеликоптери се обидува да им достави неопходни работи на луѓето во најпогодените области, а воените инженери се обидуваат повторно да воспостават комуникациски врски.
