И со Цедевита во опција само триумф

18.01.2014 14:20

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе ја пречекаат Цедевита во Јадранската лига (пренос МТВ 1, 17.00). На паркетот во арената „Борис Трајковски“ македонскиот претставник ќе истрча со желба да ја забележи осмата победа во 16-от натпревар во АБА друштвото. Хрватскиот тим има биланс12-4 и го дели второто место со Партизан. Поуспешна екипа од него е само Црвена Звезда која има 13 победи и три порази.

Според квалитетот и досегашното остварување, МЗТ е пред сериозен тест, иако лани ги доби двете пресметки против загрепскиот ривал, на гости со 80-78, а дома со 74-61. На првиот сезонски дуел се радуваше Цедевита со 77-67.

Во другите натпревари од 17-то коло во Јадранската лига Крка ќе ја пречека Мега Визура, Раднички – Игокеа, а Солнок ќе му гостува на Широки. Мечот меѓу Цибона и Будуќност ќе може да го видите со пренос на Собранискиот сервис на МРТ од 19.00. Утре Црвена Звезда ќе и биде домаќин на Олимпија, а в понеделник Партизан ќе му гостува на Задар.