Со пониски царини и скратени процедури, извозот во последните десет години е двојно зголемен

27.10.2015 10:05

Денес фирмите плаќаат 40% пониски царини споредено со 2006-та година, додека по основ на укинати и намалени царински надоместоци дополнително остваруваат заштеди во износ од 12 милиони евра годишно...

Благодарние пониските царини и поедноставените процедури, како и подобрувањето на бизнис климата и влезот на странски инвестиции, извозот последниве десет години е двократно зголемен.

Од 2006-та до 2015-та, неколкукратно се намалени царините на барање на бизнисот, укинати се царинските ставки што се однесуваат на машинската обработка, на семенските материјали, на фолии, на одредени репроматеријали за прозиводство на резервни делови.

Денес фирмите плаќаат 40% пониски царини споредено со 2006-та година, додека по основ на укинати и намалени царински надоместоци дополнително остваруваат заштеди во износ од 12 милиони евра годишно.

Според Државниот завод за статистика, растот  на извозот од 1,92 милијарди евра во 2006-та порасна на 3,72 милијарди.