Дебата во Вашингтон

Македонија и Србија поевропски се однесуваат со бегалците отколку некои европски држави

27.10.2015 10:16

Потребно е поголема поддршка од земјите членки на Европската Унија, е заклучокот од дебата во Вашингтон посветена на бегалската криза на Западниот Балкан во организација на Американската адвокатска асоцијација и Обединетата Македонска Дијаспора...

Македонија е единствената држава која што се соочува со бран мигранти коишто доаѓаат од една земја членка на Европската Унија, Грција, изјави македонскиот амбасадор Васко Наумовски на дебата за правните и безбедносните последици од бегалската криза на Западниот Балкан, организирана од Американската адвокатска асоцијација и Обединетата Македонска Дијаспора во Вашингтон. Засега најголем товар за прием на бегалците останува на Македонија и на Србија.

„Она што ни е потребно во наредниот период е заеднички напор на Европската Унија и земјите од Западниот Балкан, затоа што ако нема заеднички одговор на кризата, нема да можеме да има никакви резултати“, изјави Васко Наумовскиамбасадор на Република Македонија во САД.

„Решението на кризата не може да биде делумно или само на една страна со затворање на границата или изградба на ѕид. Мора да има соработка и координација во регионот и со меѓународната заедница, особено со ЕУ и со ООН“, врече Ѓерѓ Матковиќ-амбасадор на Република Србија во САД.

Решението на бегалската криза во Европа не може да се бара само кај одредени земји, туку треба за биде заедники напор на сите европски држави.

„Летово оддеднаш од 3 илјади бегалци се зголемија на 7 илјади, а во последно време и на 10 илјади дневно. Ова се истите бегалци коишто од Грција, доаѓаат во Македонија и Србија и ги минуваат границите, но за жал, фондовите на ЕУ за овие три држави се несоодветни во однос на потребите што ги имаат земјите и товарот со кој се соочуваат“, изјави Мето Колоски, претседател на Обединета Македонска Дијаспора.

Македонија и Србија како главни земји на транзитниот пат кон Европа, не очекуваат во зимските месеци да се намали бројот на бегалци, но ќе се зголеми пристигнувањето на мигрантите по копнен пат преку од Бугарија. 

Според учесниците на дебата, Македонија и Србија поевропски се однесуваат со бегалците отколку некои европски држави. Затоа Европската Унија треба да ги награди со побрза интеграција.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ