Турција: Уапсени 30 осомничени џихадисти

27.10.2015 11:17

Претходно во градот Дијабакир дојде до престрелка меѓу џихадистите и турската полиција во која загинаа двајца полицајци и седум наводни џихадисти...

Турската полиција изутрината привела 30 луѓе осомничени дека се припадници на Исламска држава. Полицијата спровела истовремени рации во куќи за кои се смета дека се ќелии на Исламска држава во градот Кони, во централна Анадолија.

Претходно во градот Дијабакир дојде до престрелка меѓу џихадистите и турската полиција во која загинаа двајца полицајци и седум наводни џихадисти.

Претседателот Ердоган вети дека ќе продолжат полициските операции против сите терористи, вклучувајќи ја Исламска држава и забранетата Работничка партија на Курдистан.