Колумбија: 11 војници и полицаец убиени во вооружен напад
27.10.2015 11:29
Според информации на колумбиското Министерство за одбрана, уште три лица се ранети...

11 војници и еден полицаец загинаа во вооружен напад на борци на „Армијата за национално ослободување“ во Колумбија. Според информации на колумбиското Министерство за одбрана, уште три лица се ранети.
Силите за безбедност ги обезбедувале лицата, што работеле во изборна единица и пренесувале 130 гласачки ливчиња од локалните избори, од индијански резерват кон главниот град Богота.
