Двојна изведба на „Лебедово езеро“ во МОБ

27.10.2015 11:56

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска, а ќе настапи комплетниот балетски ансамбл на МОБ...

Во среда, 28-ми и во петок на 30-ти октомври со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек дело на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска-Шокаровска во улогата на Одета/Одилија, Принцот Зигфрид ќе го толкува Васил Чичијашвили, првенец на македонскиот балет, а во улогата на Ротбарт, ќе настапи Дојчин Дочев, гостин од Бугарија.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска, а ќе настапи комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Исто така, на барање на Народното позориште од Сараево, по втор пат, во улогата на Арман, во балетската претстава „Дамата со камелии“, ќе настапи првенецот на македонскиот балет, Бобан Ковачевски.