Јужна Кореја: Експлозија на камион во тунел, 11 возила во пламен

27.10.2015 11:58

Откако удрил во ѕидот, камионот се запалил, по што дошло до голема експлозија...

Камион кој превезувал разредувач експлодирал во тунел на автопат во Јужна Кореја откако возачот загубил контрола над возилото и удрил во ѕид.

Откако удрил во ѕидот, камионот се запалил, по што дошло до голема експлозија. 11 возила биле опожарени, но за среќа нема загинати.