Oдложен стартот за случајот „Јустиција“
27.10.2015 12:26
Обвинение за овој случај е подигнато за 13 лица кои се товарат за несовесно работење во службата...

Иако закажано, и денеска не почна рочиштето за случајот „Јустиција“. Судењето е одложено поради тешка болест на две обвинети. Едната била хоспитализирана на Клиниката за токсикологија поради сериозно труење на жолчката, а втората на Клиниката за радиологија поради тумур на мозокот.
Обвинение за овој случај е подигнато за 13 лица кои се товарат за несовесно работење во службата.
Се товарат дека во периодот од 2010 до 2013 година работејќи како судии и судски службеници носеле пресуди во кои се изречени глоби и судски трошоци, а при тоа не го почитувале рокот за изготвување на пресудите.
Анита Димитријевска
