МВР: За 24 часа издадени 4.076 потврди за азил, досега вкупно 182.978
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, Авганистан, Ирак ...

Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 4.076 странски државјани, од кои 2.153 се од машки пол, 695 се од женски, 932 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 296 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан- 2.240, Сирија- 1.201, Ирак- 300, Иран- 191, додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 182.978 странски државјани, од кои, 113.687 се од машки пол, 26.108 се од женски, 34.768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.415 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 121.849, потоа Авганистан- 33.387, Ирак- 14.254, Пакистан- 4.046, Иран- 2.967, Палестина-1.623, Сомалија- 943, Бангладеж- 881, Конго- 471, Нигерија- 251, Камерун- 222, Еритреја- 207, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
