Уште еден воздушен напад на болница на „Лекари без граници“

27.10.2015 12:46

Директорот на болницата соопштил дека биле уништена целата болница и дека неколку лица биле повредени...

„Раша тудеј“ пренесува дека во напад на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија во Јемен, била погодена болница на „Лекари без граници“ додека во неа имало пациенти и персонал.

Директорот на болницата соопштил дека биле уништена целата болница и дека неколку лица биле повредени.

Ова е втор ваков напад откако пред три недели американски авиони по грешка бомбардираа болница на „Лекари без граници“.