Пензионерите и годинава на бесплатна бања

18.01.2014 14:30

И годинава пензионерите ќе одат бесплатно на бања. Државата обезбеди 38 милиони денари. Освен што ќе се зголеми бројката на корисници, проектот има и комерцијален ефект врз овие  лекувалишта, смeтаат од Сојузот на пензионерите.

Овој проект навистина ќе придонесе да се афирмираат овие бањи посебно и кас пензионерите, впрочем и до сега најмногу бањите ги користеле пензионерите оцени Драги Аргировски - претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

За проектот, кој почна да се спроведува од 2010-та, државата досега издвои над 120 милиони денари. Околу 22 илјади пензионери досега биле на  бесплатна бањско-климатска рекреација. Условите за аплицирање остануваат исти. Поволноста може да се користи само еднаш..

Услугата на бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од втората половина на март до  ноември 2014 година, во траење од 7 дена и опфаќа: 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед, трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско климатска рекреација, рече Диме Спасов - министер за труд и социјална политика

Пензионерите коишто користат и паричен надомест за помош и нега од друго лице или додаток за мобилност и слепило, имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација, а трошоците за сместување и исхрана  ќе паднат на товар на Министерството за труд и социјална политика. Катлановска бања, Негорски и Дебарски бањи и Банско во Струмица се установите кадешто пензионерите ќе одат бесплатно на бања годинава.

Новинар: Анита Никушева

Снимател: Мики Трајковски