Амбасадорот Буџаку отповикан, му истече мандатот

27.10.2015 13:16

На барање на Министерството за надворешни работи, на 28-ми октомври 2013-та, претседателот дал согласност за продолжување на мандатот на Буџаку до 4-ти декември годинава...

Амбасадорот Агрон Буџаку е отповикан од функцијата поради истекот на дополнително продолжениот мандат- велат од Кабинетот на шефот на државата. На барање на Министерството за надворешни работи, на 28-ми октомври 2013-та, претседателот дал согласност за продолжување на мандатот на Буџаку до 4-ти декември годинава.

Указот за отповикување е донесен пред гласањето на Генералната конференција за прием на Косово во УНЕСКО, со што велат од Кабинетот се демантираат шпекулациите за евентуална тенденциозност и поврзаност на овој настан со престанокот на мандатот на Буџаку.