Над 10.300 вработени преку мерката млади до 29 години
Спасов соопшти дека оваа мерка ќе продолжи да се реализира и во наредните неколку месеци...

Над 10.300 млади лица досегега се вработени во околу 5.000 компании преку мерката која ги поттикнува компаниите да вработуваат лица до 29 години, а притоа се ослободени од плаќање на социјални придонеси и персонален данок.
„Целта која што сакавме да ја постигнеме е веќе постигната, над 10.000 отворени работни места значат многу за македонските компании како и за младите во Македонија“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој денеска во општина Чучер Сандево изврши увид на градежните работи за изграба на нова градинка.
Спасов соопшти дека оваа мерка ќе продолжи да се реализира и во наредните неколку месеци, а во просек до сега, откако е започната оваа мерка месечно се вработувале по 520 млади лица.
