Судиите дебатираа за нивната независност
Дел велат немаат политички, но имаат притисоци од медиумите. Други пак со став- судијата треба да биде способен да одолее на секој вид влијание...

Судиите проговоија за влијанијата врз нивната работа. Се слушна став дека немало политички или други притисоци врз одлуките - наводно најголемите ги чувствувале од медиумите. Судијката од Кривичниот суд, Груевска- Илиевска смета дека не е омилена меѓу новинарите поради пресудата против колегата Кежаровски.
Според судијката од Граѓанскиот суд, Димовска, поголем проблем е недостатокот на финансии, брзо донесените законски решенија поради кои се намалува ефикасноста на судиите. Димевска посочи дека судиите ќе треба сами да расчистат во сопствениот двор.
Првиот човек на Судскиот совет, Ушковски со став дека секој судија треба да е силна личност со висок интегритет и професионализам за да се заштити од влијанија и притисоци, бидејќи секој граѓанин заслужува да го суди независен и самостоен судија.
Законските решенија се само предуслов, сепак, сметаат повеќето од судиите, дека судијата мора да умее и да може да одолее на секаков вид притисоци и влијанија и да ја обезбеди правдата за секој граѓанин.
Фиљана Кока
