Кризата со бегалците покажува дека ЕУ не е во „добра состојба“

27.10.2015 15:01

Самитот ЕУ – Западен Балкан одржан минатата недела поажа со „јасност“ дека ситуацијата на Балканот е крајно загрижувачка, како со бегалците, така и на политички план, истакна во воведот на денешната расправа во ЕП за резултатите од неделниот самит во Брисел, претседателот на ЕП, Мартин Шулц...

Дискусиите на европратениците ја одразија нивната политичка поделба и национална припадност, што се гледа и во разлчиниот пристап кон кризата со мигрантите на земјите членки на ЕУ. Но општо земено, Европскиот парламент сака заедничка позиција и акција на ЕУ и на земјите членки во однос на бегалската криза и пружање на помош на земјите од Балканот.

Самитот ЕУ – Западен Балкан одржан минатата недела поажа со „јасност“ дека ситуацијата на Балканот е крајно загрижувачка, како со бегалците, така и на политички план, истакна во воведот на денешната расправа во ЕП за резултатите од неделниот самит во Брисел, претседателот на ЕП, Мартин Шулц.

„Илјадници луѓе се на пат на Балканот, на пат кон ЕУ, им студи, страдаат и чекаат на нашите граници... Доаѓа зимата и се најавува хуманитарна катастрофа“ – додаде Мартин Шулц.

Повикувајќи да се почитува постигнатиот план од 17 точки, кој за него е е ургенетен одговор на кризата. Притоа, нагласи дека проблемот останува и понатаму со неисполнетите ветувања, како и тоа дека владите од левица или десницата (од земјите членки на ЕУ)  кои сметаат дека националниот егоизам е над заедничкиот, „тоа е драматачно како за бегалците, така и за европската кохезија“.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск од своја страна пред европратениците нагласи дека „кризата со бегалците е земјотрес за европскиот политчки пејсаж“, за што сега се потребни, „исклучителни одговори и жртвувања, за да се гарантира единството на земјите членки и на институциите, заедно да се раководи со кризата, ако не последиците ќе бидат катастрофални.“

Туск потсети дека ситуацијата ќе се влошува и понатаму, бидејќи се очекуваат уште 100 000 нови бегалци кон Европа од регионите на Сирија каде интервенира руската авијација.

„Дилот со Турција има смисла, ако тоа го регулира приливот на бегалци. Но тоа нема да биде лесно“ – нагласи Туск.

Претседателот на Европската комисија одеше во иста насока, нагласувајќи ја ургентната потреба од соработка со Турција и финансирањето на ветените 3 милијарди евра.

Жан- Клод Јункер, осврнувајќи се на самитот од неделата, нагласи дека неговата цел беше исполнета:

„Балканските земји требаше да си зборуваат меѓусебе, наместо да зборуваат за другите, за региоалните и билатералните проблеми.“

Јункер, притоа оцени дека овај „вонреден самит“не ќе беше потребен, ако земјите членки на ЕУ си зборуваа меѓу себе, „Тоа само покажа дека Европската Унија не е во добра ситуација“.

Според Јункер, „неделата не беше за големи политички изјави, туку за да се зафатиме со работа“, додавајќи дека учесниците насамитот се ангажираа со конкретни обврски за справување со кризата со бегалците. Односно, обврската да се создадат 100.000 прифатни места на патот на бегалците низ Балканот и честитки за владата на Ципрас која се обврза да отвори ургентно 30.000 места за бегалците во Грција.

 

Тони Гламчевски