Нова дигитална опрема во Кинотеката на Македонија

27.10.2015 15:14

„Архивите во ризик- заштита на културниот идентитет во светски рамки“ е годинашното мото на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, а се одбележува во сите архиви во светот. На овој ден, Кинотеката промовираше нова опрема...

Кинотеката на Македонија се збогати со два ретки филмски артефакти од дваесетите години на минатиот век. Подарок од Емил Рубен, актерот кој прославува шест децении на филмското платно. 

„Архивите во ризик- заштита на културниот идентитет во светски рамки“ е годинашното мото на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, а се одбележува во сите архиви во светот. На овој ден, Кинотеката промовираше нова опрема.

Досега, чуварот на нашето аудиовизуелно наследство, изврши дигитализација на многу значајни филмски остварувања. Уште неколку филмски наслови ќе бидат дигитализирани годинава.

Минатата година Македонија беше домаќин на јубилејниот 70-ти Меѓународен конгрес на Светската асоцијација на филмските архиви, кој на едно место обедини 200 делегати од 80 кинотеки и филмски архиви од целиот свет, кои ги презентираа своите визии за унапредување на аудиовизуелното наследство.

 

Александра Перевска