„Катар Ервејс“ најавува директна авио линија до Скопје и инвестиции во туризмот
Претседателот на авиокомпанијата „Катар Ервејс“ Али Ал Раис со план во иднина да инвестира во туризмот. Бизнисмените и туристите со директен чартер лет за само четири часа од Доха да дојдат во Скопје. Активностите се очекуваат да започнат идната година...

Единствената арапска земја која има дипломатски односи со Македонија е заинтересирана за инвестиции во туризмот, трговијата и енергетиката. Кaтарска делегација по втор пат е во земјава, а претседателот на авиокомпанијата „Катар Ервејс“ Али Ал Раис со план во иднина да инвестира во туризмот. Бизнисмените и туристите со директен чартер лет за само четири часа од Доха да дојдат во Скопје. Активностите се очекуваат да започнат идната година.
„Секако ги гледаме можностите овде во Македонија за развој на туризмот. Ова е земја во која дефинитивно би донеле повеќе туристи. Се надеваме дека во нареднава година ќе ги започнеме активностите во Скопје. Тоа ќе биде одлична можност за градење на мост меѓу двете земји“, изјави Ал Раис.
Пред катарската бизнис делегација која е два дена во земјава беа презентирани конкретни инвестициски проекти од повеќе сектори, меѓу кои земјоделството, градежништвото, инфраструктурата, телекомуникациите. Беа претставени поволностите што странските инвеститори ги имаат во нашата држава, оценките на релевантните меѓународни институции за реформските процеси и економските резултати.
„Гостите беа запознаеи со еден нов концепт за конкретни проекти во Македонија што им се нудат на странските инвеститори. Имаа презентација од повеќе компании од повеќе друштва и повеќе проекти беа презентирани, кои се конкретни и спремни за инвестиции“, изјави заменик- министерот за економија, Христијан Делев.
Катар има раст на економијата од 8,8 проценти и невработеност од 2,7% проценти. Во последниве години Катар се искачува на врвот на светските лидери во експлоатација на природниот течен гас.
Дијана Ценевска
