Помалите царини и процедури продонесоа за два пати поголем извоз
Со спроведените царински реформи се скратија транспортните трошоци и се подобрија условите за работа на превозниците. За транспортниот сектор, новите процедури овозможуваат ефикасност во извршувањето на превозот, а за стопанството побрз обрт на капиталот...

Пониските царини и процедури двојно го зголемија извозот. Од 1,92 милијарди евра во 2006 година извозот порасна на 3,72 милијарди евра во 2014 година. Со спроведените царински реформи се скратија транспортните трошоци и се подобрија условите за работа на превозниците. За транспортниот сектор, новите процедури овозможуваат ефикасност во извршувањето на превозот, а за стопанството побрз обрт на капиталот.
„Како директни мерки кои влијаеа на поефикасното работење на превозните трговски компании е тоа што Царината овозмои да постојат поедноставени постапки, да имаме куќно царинење и да постојат гранични царински терминали, на сите поважни гранични премини со што се скратува времето на завршување на прцесот на премерување на стоката до крајниот корисник“, вели Билјана Муратовска, генерален секретар на Здружението на транспортери „Макам-транс“.
Со укинување и намалување на царинските стапки за суровини и репроматеријали е обезбедена и поддршка за земјоделското производство, за прехранбената и кондиторската индустрија и индустриското производство. Фирмите плаќаат 40% пониски царини споредено со 2006 година. Дополнително остваруваат заштеди во износ од 12 милиони евра годишно.
„Преку 12 милиони евра годишно се поддржуваат македонските фирми со намалување на царинските стапки. За 9 години тоа се 108 милиони евра само по овој основ“, нагласува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
За поддршка на индустриското производство се укинати царинските стапки за 106 тарифни ознаки, кај прехранбената индустрија трајно е намалена царинската стапка за увоз на бел шеќер од 30% на 5%. За транспортниот сектор се намалија царинските стапки за сите видови автобуси и минибуси, од 10% на 5%, а се укина и царинската стапка за товарните вагони за поддршка на железницата.
Сунчица Николоска
