Апелациониот суд се прогласи ненадлежен за прислушуваните снимки
Второстепениот суд смета дека не е надлежен за постапување по списите од предметот оформен по повод жалбите на ОЈО – Скопје и истите ги врати на понатамошна надлежност на основниот суд Скопје 1 – Скопје...

Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен по жалбите на основното јавно обвинителство, кои беа поднесени откако судот ги отфрли прислушуваните снимки од опозицијата како неосновани докази. Од Апелација надлежноста ја префрлија на Основниот суд.
Второстепениот суд смета дека не е надлежен за постапување по списите од предметот оформен по повод жалбите на ОЈО – Скопје и истите ги врати на понатамошна надлежност на основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Вкупно беа обжалени 21 решение на судија на претходна постапка, кои одлучуваа по однос на барањето од издвојување на доказите од списите на предметите.
