3,5 милиони евра за проекти во рамките на „Еразмус +“
Одобрен е буџет од 3,5 милиони евра за оваа година...
Одобрен е буџет од 3,5 милиони евра за оваа година, кој е двојно поголем од буџетот од минатата година, кои беа наменети за програмите “доживотно учење“ и “млади во акција“, рече министерот.
Тој потенцира дека сите имаат можност да аплицираат, професори, студенти, наставници, стажанти, волонтери, младински работници...
„Постојат вкупно три клучни акции. Првата е „Мобилност на знаење“ односно размена на ученици, студенти и волонтери во областа на образованието, обуката и младите. Втората се однесува на соработката во делот на „иновациите и размената на добри практики“ и третата е во делот на апликација со проекти за реформи на политиките во областа на образованието, обуката спортот и младите,“ - истакна Ристовски.
Апликацијата е до средината на месец март за одредени проекти, а за други има предвидено прилично подолг рок, кој доаѓа дури и до средината на месец октомври, рече министерот.
