Македонија прогласена за 6-та најдобра бизнис дестинација во Европа и 12-та во светот
Македонија рангирана на највисокото досега 12-то место, од 189 економии во светот според добрата бизнис клима во штотуку објавениот извештај на Светската банка, Doing Business 2016. Македонија е на 6-то место во Европа, пред 24 земји членки на ЕУ...

Македонија прогласена од Светската банка за 6-та најдобра бизнис дестинација во Европа и 12-та во светот.
Македонија рангирана на највисокото досега 12-то место, од 189 економии во светот според добрата бизнис клима во штотуку објавениот извештај на Светската банка, Doing Business 2016.
Македонија е на 6-то место во Европа, пред 24 земји членки на ЕУ, и убедливо најдобро рангирана во регионот.
Ова е врвен резултат и големо признание на политиките за правење на бизнис клима, особено што доаѓа од најреномираната економска институција во светот, Светската банка.
Македонија пред 9 години според истиот овој извештај беше рангирана на 94-то место, што досега е раст за неверојатни 82 места.
