Дополнителни субвенции за градинарите и овоштарите
28.10.2015 10:02
Овоштарите и градинарите за предадениот род во преработувачките капацитети им следува финансиската подршка од 1,5 до 2,5 денари за килограм. Барањата за субвенции треба да се поднесат до 30 ноември.

Градинарите и овоштарите имаат право на дополнителни субвенции.
Корисници ќе бидат земјоделците со градинарски култури и предадено производство во преработувачки капацитети за зеленчук до ноември 2015 година.
Директните плаќања се 1,5 и 2,5 денари за килограм корнишони и пиперки.
За предаденото овошје земјоделските стотанства, треба да имаат сопствени овошни насади, а субвенцијата е 2 денари за килограм.
Земјоделците треба да ги имаат платено и давачките кон државата односно, водарината, пашарината и закупнината.
Методија Трајков
