Бан Ки Мун го осуди нападот на болницата во Јемен
28.10.2015 10:16
Воедно ги повикал сите инволвирани страни да престанат со конфликтот...

Генералниот секретар Бан Ки Мун го осуди бомбардирањето на болница управувана од „Доктори без граници“ во Јемен, и побарал брза и ефикасна истрага за да се утврди одговорноста за нападот. Воедно ги повикал сите инволвирани страни да престанат со конфликтот.
Здравствената установа вчера беше цел на воздушни напади на Саудиска Арабија и Коалицијата во момент кога во неа имало голем број пациенти.
