Не стивнува бранот мигранти, за 24 часа издадени 3.445 потврди за азил

28.10.2015 11:52

Како што соопшти МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан- 1.822, Сирија- 1.222, Ирак- 173, Иран- 104, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.445 странски државјани, од кои 1.919  се од машки пол, 543 се од женски, 742 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 241 деца кои патуваат без родител.

Како што соопшти МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан- 1.822, Сирија- 1.222, Ирак- 173, Иран- 104, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 186.423 странски државјани, од кои, 115.606 се од машки пол, 26.651 се од женски, 35.510 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.656 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 123.071, потоа Авганистан- 35.209, Ирак- 14.427, Пакистан- 4.095, Иран- 3.071, Палестина- 1.628, Сомалија- 955, Бангладеж- 889, Конго- 487, Нигерија- 251, Камерун- 222, Еритреја- 212, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.