ГОБ „8 Септември“: Квалитетот на здравството не треба да се цени по изолирани случаи
Од градската општа болница, велат дека во изминатиот период е зголемен и обемот на работа и бројот на нововработени доктори...

Менаџментот на болницата „8 Септември“ со реакција за зачестените напади врз јавното здравство. Оттаму даваат поддршка на реформите во здравството и бараат да не се оцрнува целиот систем.
„Веруваме дека во здравствените установи постојат изолирани случаи на неодговорни доктори, меѓутоа не треба според нив да се цени квалитетот на здравството во целина. Не треба да се заборави напредокот постигнат во здравството во изминатиот период. За здравствените установи е набавена модерна медицинска опрема, а докторите и останатите здравствени работници и соработници се испраќаат на едукација за користење на истата, благодарение на што се воведуваат нови методи и услуги“ – се вели во соопштението на од „8 Септември“.
Од градската општа болница, велат дека во изминатиот период е зголемен и обемот на работа и бројот на нововработени доктори од разлучни специјалности.
