Акција во Скопје и Куманово

Полицијата трага по логистичари на терористичката група од „Диво Насеље“

28.10.2015 12:10

По наредба на Основното јавно обвинителство биле направени претреси во куќи и објекти. Биле пронајдени и одземени предмети, докази кој полицијата ги предала на обвинителството...

Полициска акција во Скопје и во  Куманово. Уапсени нема. Се трага по неколкумина за кои обвинителството го прошири списокот на инволвираност по различни улоги во терористичките активности од мај годинава во „Диво Насеље“ информираат од МВР.

По наредба на Основното јавно обвинителство биле направени претреси во куќи и објекти. Биле пронајдени и одземени предмети, докази кој полицијата ги предала на обвинителството.

Најголем дел по лицата кои се трага биле логистичари на терористичката група. Обвинителството ги бара за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Акцијата  била спроведена рано утринава. По осомничените сеуште се трага, информираат од МВР.